Колку пари годинава ќе изнесува Регресот за годишен одмор, односно популарниот К-15?!
На еден и пол месец до крајот на законски предвидениот рок, според податоците од УЈП, работодавачите во бруто-износ за К15 исплатиле над 3,7 милијарди денари, а за тоа уплатиле 372 милиони денари данок на личен доход. И со оглед на фактот дека дел од фирмите им исплатуваат многу повисоки износи од минималната сума, според пресметката на Управата, просечниот исплатен износ изнесувал 24.290 денари (минималниот К15 е 18.141 денари).
Обврската за годинешниот регрес почна од 1 јули годинава, а треба да заврши до 31 декември. Најмалиот износ се задолжителни 40 отсто од просечна тримесечна нето-плата во Македонија.

