СветСветот на работникот

Криза и во тутунската индустрија: BAT укинува работни места ширум светот

Светската економска криза ја погодила и тутунската индустрија, а британскиот произведувач на тутунски производи British American Tobacco (BAT) најавил укинување на 5.500 работни места ширум светот.

Целта на компанијата е намалување на трошоците, зголемување на ефикасноста и забрзување на примената на вештачката интелигенција, а BAT дополнителни 3.500 работни места ќе им ги префрли на надворешните партенери, вклучувајќи ја и ирската ИТ компанија Accenture, па реструктурирањето ќе опфати околу 9.000 вработени.

„Градиме поагилна организација, подготвена за иднината, со поголема контрола на трошоците и поширока примена на технологијата“, изјавил извршниот директор на BAT, Тадеу Мароко.

Најголем пазар на BAT се Соединетите Американски Држави кои ќе бидат изземни од програмата за намалување на трошоците, која до 2028 година би требало на компанијата да и’ донесе годишна заштеда од 600 милиони британски фунти.

Управата веќе го усвоила планот со кој е предвидена заштеда од 500 милиони фунти до почетокот на 2027 година.

Прописите и побавното воведување на нови производи претставуваат предизвик

Како што навел директорот на компанијата, програмата Fit2Win ќе има клучна улога во подготувањето на компанијата за конкуренцијата на пазарот кој брзо се менува.

Поголемиот дел од промените веќе се потврдени во разговор со вработените, додека преостанатите постапки на консултација се спроведуваат во согласност со прописите на поединечните пазари, се наведува во соопштението.

Работењето на BAT дополнително го отежнуваат регулаторните прописи и побавното воведување на нови производи на пазарот. Исто така, во Америка е на сила правило кое вели дека произведувачите на нови никотински производи, како електронските цигари Vuse и никотинските кесички Velo, мораат да добијат одобрување од регулаторните органи пред да ги пласираат на пазарот, наведува Ројтерс.

Извор: EUpravo zato