Над 90 илјади работници земаат плата во плик, газдите не ги почитуваат правилата на игра во државата
Над 90 илјади работници, односно 13 отсто од вкупниот број вработени во Македонија, работат на црно, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика за последниот квартал од 2025 година. Вкупниот број вработени во земјава изнесува 709.523 граѓани, додека бројот на невработени се движи нешто над 90 илјади. За сива економија се потребни двајца. Вината е и кај вработените што прифаќаат да работат непријавени и кај газдите што ги принудуваат да работат без да им ги платат обврските кон државата. На тој начин, оштетени се и работникот и државните фондови за пензиско и за здравствено осигурување, сметаат експертите.
Повеќе на Вечер.прес

