МакедонијаСиндикат

Неделков оствари средба со градоначалникот на општина Струмица

Фејсбук статус на Претседателот на СОНК, Јаким Неделков:

Остварена работна средба со градоначалникот на општина Струмица.

Во организација на Регионалниот претседател на СОНК – Струмица, остваривме работна средба со градоначалникот на општината, Петар Јанков. Пред него, ја претставивме личната карта на нашата организација и побаравме партнерски однос и дијалог од општинската администрација, за прашања кои се во надлежност на општината и СОНК.

Отворивме актуелни прашања кои се во интерес на нашето членство, за што добивме уверување дека општината е отворена за соработка со синдикатот и дека во рамките на моменталните можности, чекор по чекор ќе се затвораат отворените прашања.

По средбата со градоначалникот, се оддржа и состанок со членовите на Регионалниот одбор на СОНК – Струмица, на која отворено се разговараше за актуелни прашања и проблеми што го тиштат членството.

Се дискутираше за неповолните состојби во детските градинки, непотпишувањето на колективните договори за основно и средно образование, неутврдениот процент на зголемување на платите во образованието, престојниот процес на оптимизација, исплаќање, односно не исплаќање на јубилејните награди и други актуелни прашања. На состанокот се договаравме за активностите кои треба да ги превземеме во рамките на своите надлежности, почнувајќи од претседателот на синдикалната организација до претседател на СОНК, со цел успешно остварување на правата на членовите на СОНК.