СветСветот на работникот

Работна сила сѐ помалку, проблемите допрва следат: Откажуваат поаѓања поради недостиг од возачи

Кризата со работната сила во Германија се заканува дека дополнително ќе се заостри и ќе стане уште почувствителна во секојдневнието, предупредуваат експерти од Центарот за компетентност на квалификувана работна сила (Kofa) на Институтот за германската економија (IW).

Во наредните 10 – 15 години, ќе се пензионираат околу 4,6 милиони стручни работници, а повеќе од 3,6 милиони од нив работат во секторите со веќе изразен дефицит на работна сила, на пример во транспортот.

Две петтини од сите возачи на автобуси и трамваи имаат најмалку 55 години, и повеќе од 60.000 од нив ќе излезат во пензија до 2041 година. Притоа, во јавниот превоз има откажани поаѓања бидејќи нема доволно возачи, рекол авторот на студијата Јурек Тидеман.

„Ако многу возачи одат во пензија, а не дојдат доволно нови, таквите испади можат да бидат почести“, а тоа, предупредил, може да ја забави транзицијата кон одржлива мобилност.

Главниот проблем се демографските промени. Генерацијата на бејби бумери сега постепено заминува во пензија, а е значајно побројна од генерациите кои допрва излегуваат на пазарот на труд.

На пример, генерацијата од 1964 е двојно побројна од оние кои се родени во 2024 година.

Се закнува сѐ поголем дефицит и на возачи на камиони. Во наредните 10 до 15 години, во пензија ќе заминат околу 200.000, укажал Тидеман.

Не е многу подобро ниту во градежниот сектор, каде 41 % од експертите за надзор во високоградба веќе имаат најмалку 55 години, а токму во таа професија денес недостигаат повеќе од 1.200 работници.

Ако дефицитот се заостри, тоа дополнително ќе ги оптовари лаците на снабдување и градежните проекти. Експертите на Kofa, чиј матичен IW е близок со работодавачите, предлага подолго задржување на постарите работници на работа.

Тоа подразбира прилагодување на работните места на постарите, флексибилни модели на работно време, повеќе ресурси за здравје на работно место и пренос на знаењата во тимовите со мешана старосна структура.

„Работодавачите не би требало да реагираат дури кога работниците ќе им дојдат на праг на пензионирање“, рекол Тидеман.

Според него, они кои на време разговараат за работното време, пренесуваат знаења и ги продолжуваат вработувањата добиваат на време за организирана смена на генерациите.

 Извор: b92.net