Светот на работникот

Шефот на еден вработен во Хрватска сака да му скине дел од платата – работници веднаш му кажале што не смее да направи

Иако овој текст се однесува на работник од Хрватска, може да послужи како предупредување за македонските работници кои се соочуваат со сличен проблем.

Прашањето дали работодавачот смее да му одбие дел од платата на работникот поради грешка често предизвикува сомнежи меѓу вработените.

Посебно се спорни ситуациите кога се работи за мали пропусти кои не предизвикале голема финансиска штета, но работодавачот сепак сака да го казни работникот финансиски, пишува Dnevno.

Еден таков случај од Хрватска започнал расправа меѓу вработените откако работникот на интернет побарал совет бидејќи, како што тврди, надредениот му најавил намалување на наредната плата поради грешка која фирмата ја чинела неколку евра.

Грешка од 6 до 7 евра, а одбитокот повеќекратно поголем

Работник на форумот Reddit објаснил дека неговиот пропуст направил штета од околу 6 до 7 евра, но дека работодавачот му најавил дека од следната плата ќе му одбие повеќекратно поголем износ.

Како што навел, дел од парите требале да бидат наплатени како „дестимулација“, а дел како надомест за настанатиот трошок.

Проблемот, како што тврди, настанал бидејќи не дал писмена согласност за таква постапка.

„Дали работодавачот има право да му скине на работникот дел од примањата поради грешка? Не потпишав никаква согласност, а колку што гледам, законот ме штити“, напишал еден работник барајќи искуства од други работници.

Работниците му советувале внимателност

Објавата брзо привлекла голем број на коментари, а многу корисници го советувале работникот да не потпишува никакви докумнети со кои би прифатил намалување на платата.

Дел од нив навеле дека, доколку работодавачот навистна му одбие од плата, случајот би требало да го пријави во надлежна инспекција.

„Не може самоволно да ти скине пари од платата. Тоа може единствено со твоја согласност или низ соодветна правна постапка“, навел еден корисник во дискусијата.

Други го предупредиле работникот да не се согласува на спогодби со кои би се одрекол од своите примања.

Разлика помеѓу плата и стимулација

Во дискусијата се отворило и прашањето за разликата помеѓу основната плата и дополнителните поволности кои некои фирми им ги исплаќаат на вработените.

Корисниците истакнале дека работодавачот може да одлучи да не исплати стимулација доколку таа не е договорена и не е загарантиран дел од платата.

Меѓутоа, основната плата и договорените примања не можат едноставно да се намалуваат без соодветна процедура.

„Стимулацијата не е исто што и платата. Ако делот од примањата е загарантиран со договор, работодавачот не може самостојно да го намали“, навеле учесниците во дискусијата.

Многумина му советувале да ја промени работата

Дел од коментаторите сметале дека проблемот е поголем од самиот износ на пари.

Како што навеле, фактот дека спорот се води околу неколку евра може да укажува на лош однос помеѓу вработениот и работодавачот.

„Ако поради неколку евра доаѓа до ваков однос, можеби е време да се размислува за друга работа“, бил еден од коментарите.

Други корисници му советувале на работникот да ја сочува целата комуникација со работодавачот, како и документацијата, особено доколку дојде до вистинско намалување на платата.

Што вработените треба да знаат?

Експертите по работно право укажуваат дека прашањата за надомест на штета и одговорност на вработените се регулирани со законите и договорите за вработување.

Во случај на спор, важно е да се сочуваат доказите, вклучувајќи ги мејловите, пресметките на платата и сета пишана комуникација со работодавачот.

Без оглед на околностите, работодавачот не би требало самоволно да го казнува вработениот така што едноставно ќе ја намали неговата плата.

Извор: Bizportal.rs