МакедонијаСиндикат

СОНК ги претстави своите искуства на темата „ВИ Навигатори“

🇭🇷 Сплит. AI Navigators. Одлични луѓе во реализација на одлични идеи и одличен проект Erasmus+ Project “AI Navigators-Empowering Teachers for the AI Era”

Денешната транснационална проектна средба на Eразмус+ проектот помина во знакот на соработка, размена на искуства и планирање на следните чекори. Како координатор на проектот за Македонија, заедно со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, имавме можност да ги претставиме македонските искуства, предизвици и успеси во наговата имплементацијата и да размениме идеи со партнерите од Белгија, Бугарија, Србија и Хрватска. Презентирано беше сработеното досега, како и што можеме да подобриме и како вештачката интелигенција да стане вистински сојузник на наставникот, а не само уште една нова технологија.Она што најмногу ми се допаѓа кај ваквите средби е што секогаш се враќаш дома со нови идеи, нови контакти и потврда дека образованието се менува токму преку луѓето кои се подготвени да учат, споделуваат и создаваат.А ние продолжуваме понатаму… чекор по чекор, проект по проект, идеја по идеја. 🤍🇲🇰🇪🇺