Светот на работникот

Весна од Србија со години работи на Јадранот, ги открива добрите и лошите страни – големи заработки, но и многу одрекувања

Сѐ повеќе луѓе од земјите на поранешна Југославија заминуваат на сезонска работа во Хрватска. Најголема причина за тоа се платите кои се повеќкратно поголеми отколку на пр. во Македонија и Србија. Меѓутоа зад огласот во кои се нудат плати од 1.500 или 2.000 евра се кријат многу работа, одговорности и одрекувања.

Ова од лично искуство го потврдува Весна Зец од Србија, која веќе пет години работи како готвачка на хрватското крајбрежје.

Побарувачката за работници во Хрватска ни оваа година не е ништо помала. Најбарни се келнерите, готвачите, помошниците готвачи, бармените, рецепционерите и собарките. Платите, особено во текот на јуни и јули, се поголеми отколку на почетокот на сезоната, бидејќи работодавачите се обидуваат да го пополнат недостигот на работна сила. Искусните готвачи можат да заработат и повеќе од 3.000 евра месечно, додека помошните работници и келнерите остваруваат значајно поголем приход отколку во Србија и Македонија.

Весна потврдува дека платите се една од главните причини поради кои луѓето заминуваат.

„Главен готвач може да заработи околу 3.000 евра, а помошници готвачи помеѓу 1.700 и 2.000 евра. Кога се обезбедени сместување и храна, може доста да се заштеди“, вели таа.

Најважниот совет кој им го дава на сите кои планираат да заминат таму е добро да го проверат работодавачот.

„Јас не отидов преку агенција, туку по препорака. Тоа е голема разлика. Често слушам дека луѓето добиваат една приказна, а кога ќе стигнат, ги дочекува сосема поинаква ситуација. Затоа е многу посигурно да се пронајде работа директно кај работодавачот или преку некој кому верувате.“

И експертите за вработување им советуваат на работниците пред да заминат детално да го проверат договорот, дали се обезбедени сместување и храна, колку трае работниот ден, како се плаќа прекувремената работа и колку слободни денови имаат.

Весна се сеќава на ситуација која никогаш нема да ја заборави.

Во автобус за Хрватска патувала со една млада девојка која веќе ги предала документите за работна дозвола и била убедена дека ја чека работа.

„Додека чекавме автобус во Ријека, ѝ заѕвони телефонот. Работодавачот ѝ рече дека се предомислил и дека не треба да доаѓа. Девојката почна да плаче. Останала сама, во друга држава, без работа. Тогаш сфатив колку е важно да се има сигурен работодавач пред да се тргне на пат.“

За разлика од многу работници кои имаат лоши искуства со работодавачи, Весна вели дека имала среќа.

„Сменив само двајца работодавачи. Кај првиот беше коректно, а подоцна заминав поради подобра понуда. Кај сегашниот сум веќе четири години и никогаш сум немала проблем.“

Вели дека во ресторанот во кој работи денес се чувствува речиси како дома.

„Често велам дека се чувствувам како да не сум заминала од Србија. Луѓето се срдечни, гласни, зборливи, сакаат музика од просторите на поранешна Југославија и едноставно човек може брзо да се вклопи. Некогаш имам чувство дека седам со своето друштво во Сремска Митровица.“

Додава дека меѓу вработените владее добра атмосфера, што многу ѝ значело кога првпат отишла во странство.

„Кога работите по 10 или 12 часа дневно, многу значи луѓето да ве прифатат. Полесно го поднесувате заморот кога доаѓате во колектив во кој се чувствувате добро.“

Иако е задоволна од работните услови, Весна признава дека најголем проблем не е физичкиот напор.

„Најмногу ми недостига семејството. Кога ќе завршиш со смената, нема многу време за приватен живот. Сѐ се сведува на работа, малку одмор и повторно работа. Ако фатам слободен час, шетам крај морето или се капам, но тоа не е летување како што многумина замислуваат.“

Поради тоа, вели дека сезонската работа не се за секого.

„Кој оди за да ужива на море, подобро да не оди. Кој оди да работи и заработи, ќе биде задоволен.“

Иако работи на Јадранот, Весна вели дека ретко стигнува да го види морето.

„Луѓето замислуваат дека тоа е сезона на море и плажа. Во реалноста, тоа е работа од утро до вечер. Ако имам слободно време, се капам или ќе прошетам и се враќам на работа.“

Според неа, за келнерите многу е поважно познавање на странски јазици отколку познавање на хрватскиот.

„Германскиот и англискиот многу значат. Ако некој ги знае двата јазици, многу полесно доаѓа до подобро работно место и поголема плата.

Како што вели, во рестораните и хотелите денес работат сѐ помалку домашни работници.

„Најмногу луѓе има од Србија, Босна и Херцеговина и Македонија, а во последните години сѐ почесто доаѓаат работници и од Филипини и Непал.

Весна смета дека работењето во Хрватска може да биде одлична шанса за оние кои сакаат да зашедат пари, но само ако однапред знаат што ги очекува.

„Ако ви се обезбедни сместување и храна, немате големи трошоци и можете доста да заштедите. Но треба да се биде свесен дека сезоната е исклучително напорна и дека нема многу време за приватен живот.

На крајот го повторува советот кој би му го дала на секој кој планира да замине:

„Добро проверете го работодавачот, побарајте договор пред да заминете и не верувајте им на ветувањата кои не се напишани на хартија. Тоа може да ви заштеди многу проблеми.“

Извор: Telegraf.rs/Ozon