📰 Кога вештачката интелигенција создава магија: Coca-Cola повторно користи AI во својата позната реклама
По минатогодишната AI реклама, Coca-Cola подготви уште еден божиќен спот создаден со помош на вештачка интелигенција.
Години наназад, божиќните реклами на Coca-Cola беа незаборавни, впечатливи и често емотивни. Но, минатогодишниот спот предизвика бројни критики – и изгледа дека истото ќе се повтори и оваа година. Во понеделникот, компанијата со седиште во Џорџија објави две нови верзии на класичниот спот „Holidays Are Coming“, создадени со поддршка на вештачка интелигенција, исто како и минатата година.
🎥 Реклами создадени со помош на AI
Coca-Cola повторно го ангажираше AI студиото Secret Level од Лос Анџелес за да ги креира новите реклами. Како и во оригиналот, централно место имаат осветлените камиони на Coca-Cola кои носат празнична магија низ снежниот пејзаж.
Овојпат, фокусот е насочен кон животни со изразени емоции кои се радуваат на пристигнувањето на Coca-Cola во нивниот град. Во спотовите речиси и да нема луѓе – освен, секако, Дедо Мраз.
👨🎨 Човечки уметници или само AI?
Глобалниот потпретседател на Coca-Cola и директор за генеративна AI, Пратик Такар, изјави дека музиката во рекламата ја изведува вистински оркестар и хор на пејачи.
Детали за самата анимација сподели Џејсон Зада, основач и креативен директор на студиото Secret Level, во разговор за The Hollywood Reporter. Според него, визуелните ефекти се генерирани врз основа на илјадници претходно собрани слики, а тим од околу 20 луѓе давал насоки, корекции и финални доработки. Зада додал дека за ваков проект, со традиционални методи, би биле потребни најмалку 50 луѓе.
⚙️ AI како закана за креативната индустрија
Ваквите проекти, се наведува, претставуваат токму она од што најмногу стравуваат противниците на вештачката интелигенција – дека AI би можел да ги замени човечките креативци и да го загрози пазарот на труд во креативната индустрија.
👉 Потсетување за првиот спот „Holidays Are Coming“ кој беше емитуван во далечната 1995 година.
Извор: BIZLife
Фото: Printscreen / YouTube / Coca-Cola

