СветСветот на работникот

„Вештачката интелигенција го менува пазарот на труд“: Дали ни се закануваат масовни откази

Извршниот директор на компанијата OpenAI, Сем Алтман оценил дека вештачката интелигенција го менува пазарот на труд, но дека најверојатно нема да донесе до масовно губење на работни места, т.н. „jobs apocalypse“, како што одредени аналитичари предвидувале.

Зборувајќи на конференција во Сиднеј, Алтман навел дека ВИ досега не го предизвикал очекуваниот бран на укинување на канцелариски работни места, особено на почетните нивоа, пренесува Ројтерс.

Тој признал дека претходно има поинакви очекувања во врска со брзината и интензитетот на влијанието на вештачката интелигенција на вработувањето, истакнувајќи дека погрешно ги проценил краткорочните општествени и економски ефекти на технологијата.

Според неговите зборови, вештачката интелигенција се’ повеќе презема поединечни задачи во работењето, како одговарање на пораки и емејлови, но во многу професии присутен е „човечкиот фактор“ кој не е лесно заменлив.

Алтман додал дека токму тој фактор е клучна причина поради која не очекува сценарио на нагло и масовно исчезнување на работни места.

Неговите изјави доаѓаат во момент кога се’ поголем број на глобални компании воведуваат ВИ алатки во деловните процеси, со повремени намалувања на работните места, но без јасен образец кој би укажал на системска замена на работната сила со вештачката интелигенција.

Извор: b92.net