Светот на работникот

Внимавајте ако ве прашаат ова на разговор за работа: Ова се можни „неутрални“ одговори

Прашањата за брачен статус и деца на разговори за работа, иако се забранети со закон и јасно дефинирани како дискриминаторски, сè уште се вообичаена практика на пазарот на труд. Тоа го покажува и бурната дискусија на социјалните мрежи, во која бројни жени ги споделија своите искуства, признавајќи дека ваквите прашања ги навеле да лажат.

„Постојано ме прашуваат на разговори за работа дали сум мажена и дали имам деца. Знам дека тие прашања се дискриминаторски, но реалноста е дека и понатаму се поставуваат. Најлошо за мене е што речиси секогаш ги поставуваат жени кои веројатно и самите се мајки“, навела авторката на дискусијата, додавајќи дека сè повеќе има чувство дека искрените одговори на крај ќе ја чинат работното место.

Иако некои прашања се поставуваат директно, многу работодавачи, предупредуваат учесниците во дискусијата, прибегнуваат кон „пофини“ формулации. „Имаме дополнителни бенефиции за деца ако ги имате“ или „многу работиме со родители, па имаме флексибилно работно време“ се само некои од речениците кои, како што истакнуваат, имаат иста цел – да извлечат информации за приватниот живот на кандидатот.

Pitanja o braku i djeci na intervjuima su diskriminatorna, pa ozbiljno razmišljam da počnem lagati – kakvo pitanje, takav odgovor
byu/DeliciousInterest897 inhrvatska

Неутрални одговори

Затоа сè повеќе жени се одлучуваат за тактични или целосно неточни одговори. „Денес на сите им лажам дека сум неплодна“, признала една учесничка во дискусијата, додека друга отишла чекор понатаму: „Кога ме прашуваат за деца, велам дека сум се обидувала да ги имам, но дека секоја бременост завршувала со спонтан абортус.“

Некои учеснички советуваат иронични или неутрални одговори кои избегнуваат конкретен одговор. „На ‘Имаме дополнителни бенефиции за деца’ можете само да кажете: ‘Убаво е тоа да се слушне’. А на флексибилното работно време: ‘Слушнав дека сте семејно ориентирана компанија’“, пишува еден коментатор. Други, пак, предлагаат претерано емотивна реакција за да му се стави до знаење на работодавачот дека е премината границата на професионалност.

Злоупотреба на моќ

Во дискусијата беше отворено и прашањето за сериозна злоупотреба на моќ. Една учесничка го опиша своето искуство од работа во туристички објект каде што, како што тврди, на вработените им било забрането да имаат врски. „Директорот отворено се закануваше дека ќе ја отпушти колешката ако не раскине со своето момче. Рече дека може да остане само ако ја прекине врската. Девојката даде отказ и си замина, а јас набргу заминав бидејќи условите станаа неподносливи.“

Особено е изразено чувството дека жените во секоја фаза од животот се однапред дисквалификувани. „Жена од 20 до 25 години – лош кандидат бидејќи нема искуство. Жена од 25 до 35 години – лош кандидат бидејќи се мажи или има мали деца. Жена од 35 и повеќе години – веројатно ја боли грбот“, сумираше еден учесник, со бројни одобрувања. Некои коментатори сметаат дека решение би било јавно именување на компаниите и одговорните лица. „Можеме ли конечно да почнеме да ги пишуваме имињата на компаниите и луѓето од човечки ресурси кои го кршат законот? Ако некој се плаши, може приватно да испрати информации за да се објави црна листа“, беше предложено во дискусијата.

Од друга страна, мал број учесници предупредуваат дека лажењето може да има последици. „Постои пробен период за време на кој ќе се открие вистината, а потоа ќе мора повторно да поминувате низ интервјуа“, предупредува еден коментар. Но мнозинството не се согласува, наведувајќи дека проблемот е системски и дека искреноста често води до одбивање. „Професор кој се занимава со оваа област ни рече на предавање едноставно да лажеме на вакви прашања. Ако кажете дека се незаконски, нема да ве вработат затоа што покажувате дека го познавате Законот за работни односи“, вели еден студент.

Извор: Dnevno.hr