Светот на работникот

Во Охрид летово кафе ќе ве служат работници од Непал, Индија…

Туристичките работници велат дека во недостиг на домашна работна сила, во Охрид и годинава работници од Бангладеш, Непал, Индија… ќе ги служат гостите. Велат дека се очекува успешна летна туристичка сезона, поради големата празнична исполнетост на сместувачките капацитети.

„Цените се речиси исти како лани. Има мали корекции, но не е прескапо како што се зборува. Секако, и инфлацијата си го направи своето, а високите камати и високите цени на работната сила не дозволуваат да се оди со пониски цени од сегашните. Како и да е, Охрид сè уште важи за најевтина дестинација во регионот“, изјави за весникот ВЕЧЕР Крсте Блажевски, претседател на ХОТАМ.

Повеќе на Вечер.прес