ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Дали ќе има намалување на бројот на работници во преработувачката индустрија?

Според оценките на раководителите на компаниите во преработувачката индустрија, индикаторот на доверба во наведената индустрија во јануари 2021 година е зголемен за 0,1 процентен поен во однос на декември 2020 година и изнесува 13,8, додека во однос на јануари 2020 година е намален за 8,8 процентни поени, стои во соопштението на Државниот завод за статистка.

„Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јануари 2021, во однос на декември 2020 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јануари 2021 година е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на јануари 2020 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јануари 2021 година изнесува 69.4 % од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 21.7 %, неизвесното економско опкружување со 16.6 %, недостигот на квалификувана работна сила со 15.8 % и недоволната домашна побарувачка со  14.5 %“, се наведува во соопштението на ДЗС.