Останато

Заев: Создаваме квалификуван кадар за потребите на пазарот на труд

Фејбук статус на Премиерот Зоран Заев: 
Создаваме квалификуван стручен кадар за потребите на пазарот на трудот. Вложувањето во средното стручно образование ќе резултира со создавање на нови и квалитетни образовни профили и ќе се ефектуира врз растот на националната економија и справување со проблемот на заминувањето на младите надвор од земјата.
Денеска го посетивме Средното медицинско училиште на Град Скопје, „Д-р Панче Караѓозов”, каде свечено беше презентирана парцијално дуалната паралелка „Фармацевтски техничар во фармацевтска индустрија“.
Отворањето на оваа паралелка, за која имаше огромен интерес и во која ќе учат 23 ученици е во рамки на кампањата #УчиПаметноРаботиСтручно на Министерството за образование и наука, како одговор на потребите на стопанството, а воедно и како резултат на дефицитот на стручни работници во компаниите во национални рамки.