Избегнувајте ги овие 3 видови на токсични колеги „по секоја цена“: Невронаучник советува како да постапувате со нив
Најголемиот дел од изворите на стрес е лесно да се откријат, но неочекуваните предизвикувачи се тие кои најмногу можат да ни нашетат. На работа, токсичните шефови, соработници или клиенти можат да не доведат во состојба на стрес, нарушувајќи ни ја продуктивноста и самодовербата, вели Џулиет Хан, невронаучник од Харвард.
„Токсичното однесување не е ограничено на луѓе кои намерно не повредуваат или ја вадат нервозата на нас. Луѓето кои се склони кон драми или имаат лош став за работата можат еднакво да бидат лоши за нас“, вели таа.
Хан, која е и професор во Бизнис школата на Колумбија и е академски советник на медицинската школа во Харвард, вели дека клучот за соочување со таквите токсични луѓе е да научите да ги воочите рано.
Ова се три видови на токсични колеги кои треба да ги „избегнувате по секоја цена“, но и совети како да се носите со нив.
Параноик
Сите ние имаме свои несигурности, но работењето со некој кој е постојано самокритичен и параноичен во поглед на својот учинок може да ве исцрпи и да ве попречува при извршувањето на работата. Значи: Ако сте опкружени со луѓе кои постојано ви зборуваат за своите недостатоци и анксиозноста во врска со учинкот, тие разговори само ќе ве направат параноични во поглед на својот учинок. Што повеќе време поминувате со некој кој е постојано загрижен дека ќе остане без работа или ќе добие отказ, толку повеќе сте изложени на ризикот да се „заразите“ со нивното токсично однесување.
Како да се носите со тоа: Важно е да запомните дека размислувањето за жртвите на вашите колеги нема никаква врска со вас, вели Хан. Најдете време за декомпресија откако ќе поминете време со нив, било да се работи за кратка прошетка или разговор со охрабрувачки, оптимистични коелги.
Го пика носот секаде
Ваквиот колега може да ве вовлече во канцеларска драма, без да бидете свесни за тоа.
Значи: Тие кои го пикаат носот во туѓите работи ќе се обидат тивко да предизвикаат драма, потикнувајќи ве да зборувате негативно за вашиот шеф или други колеги, така што ќе се однесуваат како вистински да се грижат. На пример, после состанокот може да ви пријдат и ви речат: „Хеј, зарем не те навреди неговиот/нејзиниот коментар?“. Тие, во суштина, сакаат да направат проблем помеѓу вас и друго лице, но се однесуваат дека се на ваша страна.
Како да се носите со тоа: Спротивставете му се на нагонот да се внесете во нивната негатвиност, било преку менување на темата или одбивање да оговарате со позитивна забелешка. Едноставно „Тоа не е нешто што ме загрижува, но фала ти што внимаваш на мене“, би требало да биде доволно.
Критичар
Критичарите не се само луѓе кои не се согласуваат со вас. Своите лични фрустрации можат да ги претстават како обид да ве заштитат од лоши прилики, кога во реалност истите се добри за вас.
Значи: Ова лице ќе ве поддржува само до одредени граници. Потребно им е да останете на „краток поводник“ и би можеле да ве обесхрабрат да запознавате нови луѓе во компанијата или да започнете со нов проект ако истиот не им е директно од корист. Ако некој постојано ве одвраќа од преземање нови задачи или учење за нови улоги во вашата компанија, оддалечете го/ја од себе.
Како да се носите со тоа: Никогаш не примајте совети за важна одлука во кариерата од едно лице, секогаш барајте повеќе перспективи. Размислете и за тоа, нивните негативности да ги користите како мотивација.
Извор: Telegraf Biznis
Фото: Shutterstock

