МакедонијаСиндикат

Локален економско социјален совет во Куманово: дискусии за состојбата во стопанството

Локалниот економско-социјален совет и Градоначалникот Максим Димитриевски денеска одржаа работна средба со претставници од стопанството во Куманово. На средбата присуствуваа претставници на бизнис секторот од градот, двата синдикати (Сојуз на синдикати на РСМ и Конфедерација на слободни синдикати на РСМ) и од Агенцијата за вработување.

На средбата се дискутираше за состојбата, во која се наоѓаат бизнис компаниите во овој период, како и за активности и мерки што се предвидуваат во периодот што следува. Градоначалникот упати благодарност до сите компании, кои преку своите донации, допринесоа за полесно справување на општината со корона вирусот.