ПравдаСветот на работникот

Намалување на работното време во Македонија?

РУБРИКА МАКЕДОНСКА МЕРА – MACEDONIKUM ADMODUM
Тема: Намалување на работното време
На конференцијата организирана од страна на Европскиот институт на синдикати на тема „Кон нов социо-економски договор“ која се одржа на почетокот на овој месец, следејќи ги дискусиите на мои колеги од универзитетите во Европа и САД кои работат на истите области на кои и јас работам, меѓу другите теми се дисккутираше и на темата „намалување на работното време за фер, одржливо и просперитетно општество.
Пократката работна недела влијае позитивно на намалување на загадувањето. Како? Кога не сме на работа имаме повеќе слободно време, па како резултат на тоа нашите навики се порационални. Не брзаме да одиме некаде со автомобил, наместо тоа можеме да користиме велосипед. Кога сме дома не купуваме готова храна (спакувана, процесирана исл), туку подготвуваме оброци дома и со тоа влијаеме на мамалување на сметот.
За работодавачите пократка раб. недела значи пониски трошоци за одржување на опремата, повеќе време и можност да го структурираат и насочат процесот на работа.
Пократката работна недела овозможува поздрав баланс на личниот и професионалниот живот. Досегашниот начин на однесување на работниците, работи повеќе, заработувај повеѓе за да трошиш повеќе е неодржлив.
Се покажа (барем во искуствата на западните земји и САД) дека пократкото работно време го прави работникот помотивиран, попродуктивен и посреќен на работното место, како и полојален, така штоова не води кон негативен ефект на економијата,туку токму спротивното. Поквалитетно завршена работа носи поголема вредност за економијата, но и за општеството воопшто. Да потсетам, пред речиси еден век работната недела изнесуваше 60 часа, но со напорите и влијанието на синдикатите, работната недела се намали на 40часа. ВО последните две декади природна потреба од дополнително скратување на 40- часовната работна недела се јави како резултат на целокупниот технолошки напредок, но и како резултат на потребата од одржлива животна средина.
Скратеното работно време не би се воведувало одеднаш за сите, туку постепено, според можностите во одделните сектори.
Со кратењето на работното време потребно е земјите да ја зајакнат социјалната сигурност и минималните плати.
Светски тренд е работа во т.н. „gig economy“, односно економија во која работниците работат на онлајн платформи како фриленсери, со договори за извршување на работа за која имаат надоместок поради тоа штоваквиот начин на работа им овозможува флексибилност, имаат слобода да си го планираат работното време како што им одговара. Според истражувања направени во САД, голем број од работниците кои работат на ваков начин признале дека не сакаат да имаат шефов, односно какво било раководство над нив и дека работењето „сам свој газда“ им е помалку стресно.
Во Македонија немаме многу можности за ваков вид работа, па затоа често наши работници работат онлајн за работодавачи во странство преку платформи како на пример „Upwork“, а со почетокот на пандемијата предизвикана од новиот коронавирус, и традиционалните работни места во добар дел се преселија дома, иако работното време се задржа, а во голем број случаи и не се води сметка за работното време, па работниците почнаа и да „согоруваат“.
Заради сето ова, а и повеќе, потребно е да ја организиараме работната недела според МАКЕДОНСКИТЕ ПОТРЕБИ и да воведеме МАКЕДНСКО МЕРА при сметањето на работното време.
проф. д-р Лазар Јовевски
 

РУБРИКА МАКЕДОНСКА МЕРА – MACEDONIKUM ADMODUM

Тема: Намалување на работното време

На конференцијата организирана од…

Posted by Проф. д-р Лазар Јовевски on Wednesday, February 17, 2021