Намалување на старосната граница
Намалување на старосната граница
Согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување на осигуреник на кого стажот на осигурување му се смета со зголемено траење, старосната граница за стекнување право на старосна пензија може да се намалува зависно од степенот на зголемувањето на стажот, и тоа за по една година.
Па така имаме:
1) за секои седум години поминати на работни места на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 13 месеци;
2) за секои шест години поминати на работни места на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 14 месеци;
3) за секои пет години поминати на работни места на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 15 месеци;
4) за секои четири години поминати на работни места на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 16 месеци;
5) за секои три години и шест месеци поминати на работни места на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 17 месеци;
6) за секои три години поминати на работни места на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 18 месеци.
Тимот на Јуридика

