ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје

Стопанска Банка АД Скопје, членка на  НБГ – најголемата финансиска групација  во Југоисточна Европа е во потрага по нов член на тимот во Секторот за информатичка технологија, работна позиција Оператор.

О Г Л А С

За прием на работник на работно место

Оператор во Сектор за информатичка технологија

Работното место ги опфаќа следните активности:

  • Мониторирање на системи;
  • Обезбедување на хелпдеск поддршка;
  • Мониторирање и поддршка на банкомати;
  • Администрирање на кориснички профили;
  • Спроведување на системски обработки;
  • Контрола на опремата и активностите во дата центарот.

Кандидатот треба да ги исполнува следните квалификации:

  • Одлично познавање на работа со компјутери и Windows оперативен систем;
  • Искуство со ИТ хелпдеск поддршка, мониторирање на системи, решавање и ескалација на инциденти;
  • Основно познавање на Unix или Linux оперативни системи;
  • Основно познавање на компјутерски мрежи и сигурност на информациони системи;
  • Завршено високо образование, информатичка технологија, електротехника, машински, или друг технички факултет;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Работно искуство од најмалку 2 години во областа.

Лични карактеристики:

  • Комуникативна и динамична личност со способност за преземање на иницијативи;
  • Тимски дух, позитивен став и однесување;
  • Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови;
  • Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето;
  • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос.

Банката обезбедува основна нето плата од 30.000,00 МКД.

Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно и распоред на работата во смени кои покриваат во текот на целата недела според план за сменско работење. Банката исплатува додатоци и надоместоци од работен однос согласно законските прописи. Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина и можности за професионален напредок на своите вработени.

Вашето CV (кратка биографија) на англиски и македонски јазик да го доставите онлајн преку апликацијата за пројавување интерес, преку e-mail: human.resources@stb.com.mk, или во седиштето на Банката на ул. 11 Октомври, бр. 7, 1000 Скопје со назнака за кое работно место аплицирате. Лице за контакт, Даниела Радевска, тел.02/3295-277.

Банката ќе изврши избор во законскиот рок, согласно бројот на пријавени кандидати.

Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.