ПравдаСвет

Прекината продажба на производи: Работници лажирале рок на траење

Компанијата „Ministop“ откри дека вработени во дел од нејзините продавници манипулирале со роковите на траење на храната, така што не лепеле соодветни етикети и ставале лажни датуми.

Неправилностите биле утврдени откако операторот Ministop Co, подружница на малопродажниот гигант Aeon Co, соопшти дека вакво однесување било забележано во 23 продавници во префектурите Токио, Саитама, Аичи, Кјото, Осака, Хјого и Фукуока, пренесе „Ќодо“.

Иако досега не е пријавен ниту еден здравствен проблем, компанијата превентивно ја прекина продажбата на оризови топчиња, бенто-кутии и други готови оброци во околу 1.600 продавници низ цела Јапонија.

За време на испитувањата, вработени во две продавници во префектурата Кјото изјавиле дека со години го одложувале лепењето на етикетите со рок на траење на храната што ја подготвувале во кујните.

Неправилностите биле откриени уште во јуни од страна на приватна организација што „Ministop“ ја ангажирал за редовни инспекции.

Извор: b92.net