СПМ бара утврдување на додаток за работна успешност за припадниците на ЕБР
Прес-конференцијата ви ја пренесуваме интегрално:
Неодамна објавивме дека сме горди на храброста и посветеноста на припадниците на Единицата за Брзо Распоредување – ЕБР вклучувајќи ги и сите колеги кои учествуваат во гаснењето на пожарите низ Македонија. Во изминатиот период свесни сме дека јавноста најчесто ги гледа хеликоптерите или специјалната опрема а се помалку се знае дека зад секој успешен обид за справување со природни катастрофи- пожари стојат луѓе со срце, знаење и искуство односно припадниците на ЕБР кои деноноќно со своите специјализирани возила и тимска координација, несебично се борат со огнените стихии, таму каде што е најопасно и најнепредвидливо.
Кажавме тогаш, кажуваме и сега, Вашата пожртвуваност, вашата борба и вашата сила се гордост за Македонија. Не секогаш ќе бидете спомнати во соопштенија, но секогаш сте во срцето на народот и затоа знаеме дека ќе продолжите храбро таму кога е најпотребно!
Согласно наведеното, инспирирани од нивната несебична храброст, во наредниот период Синдикат на Полиција во Македонија до Министерот за внатрешни работи и до раководителотна организациската единица ќе испрати барање утврдување на додаток за работна успешност во траење од најмалку 4 месеци за сите работници кои во изминатиот период секојдневно ги ризикуваат своите животи справувајќи се со пожарите на терен.
Во прилог линк видео од Барањето на Претседателот на СПМ Орце Коцевски:

