СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција
Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција ![]()
На ден 03.03.2025 година на порталот „Либертас“ беше објавен наслов „МВР се премисли – ја ревидираше идејата за контроверзни промени во Член 31 од Законот за полиција“ каде по објавената реакција од нивна страна на предлогот за промена на Член 31 и бришење на Член 31-а од актуелниот Закон за полиција, веднаш пристигнала реакција од Министерството за внатрешни работи каде од таму информираат дека сепак е одлучено конкретниот член да не се ревидира.
Имено од соопштението: „Министерството за внатрешни работи изврши дополнителна анализа и проценка на предложените решенија и аналогно на тоа во постојната работна верзија на предлогот на закон повеќе не е предвидена никаква интервенција (ревидирање или бришење) во наведениот член, односно постојните решенија во важечкиот Закон за полиција во тој дел остануваат непроменети“ – извор МВР.
Согласно наведеното Бараме повторно преиспитување на спорното соопштение за повлекување на промена на член 31 и бришење на член 31-а од актуелниот Закон за полиција и како Синдикат сметаме дека наведеното решение за повлекување на предлог законот – наведените членови е избрзано со немање доволно причина и аргументи, поаѓајќи од фактот што токму од овие членови во минатото на многумина полициски службеници неосновано им се одземаше оружјето иако воопшто претходно немаше започната никаква постапка согласно одредбите од Законот за кривична постапка.
Затоа бараме повторно преиспитување на наведената одлука и така наведените предлог измени на Законот за Полиција да се отпочне процес за нивно донесување во Собранието на Република Македонија.
ВРАЌАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА!

