СПМ назначува нови синдикални претставници
Фејсбук статус на Синдикатот на полиција во Македонија:
СООПШТЕНИЕ
од Синдикат на Полицијата во Македонија – СПМ
Во духот на благодарност, признание и вреднување на искреното залагање за синдикалната кауза, со особено задоволство го информираме членството дека, со посебно внимание, претходна согласност и консултација, во наредниот период следниве колеги ќе бидат именувани за нови синдикални претставници во рамки на Синдикатот на Полицијата во Македонија – СПМ:
Николче Николовски-СВР Куманово
Висар Мемети-СВР Куманово
Гоце Стојановски-ПО Старо Нагоричане
Валерија Стојмановска-ПО Старо Нагоричане
Ирфан Емрулаи-ПО Матејче
Арлинда Шабани-ПС за ГП и ГН Белановце
Христијан Јовановски-ПС за ГП и ГН Пелинце.
Овие колеги со својот личен ангажман, чесен однос и искрен ентузијазам дадоа видлив и суштински придонес во развојот, зајакнувањето и унапредувањето на синдикалното делување во изминатиот период. Нивниот пример е доказ дека синдикатот не е само организација – туку семејство, визија и борба за достоинство.
Назначувањето на новите претставници е чекор напред кон постабилна, посвесна и повидлива синдикална структура, која е гласот на секој припадник на МВР.
Овие колеги ќе бидат гласници на идејата за солидарност, еднаквост, морал и професионализам – и токму затоа нивниот избор не е случаен, туку заслужен.
Во име на сите членови, им честитаме и им посакуваме мудрост, храброст и истрајност во новите улоги.
СПМ останува силен – затоа што имаме силни луѓе!
Продолжуваме понатаму со избор на следните претставници од преостанатите ПС за ГП и ГН, ОВР-а , ПС и ПО на територија на Североисточниот Регион !
Со почит,
Претседател на Синдикат на Полицијата во Македонија – СПМ
Орце Коцевски
Претседател на СО на СПМ-СВР Куманово
Фросина Стојчевска
Сила. Правда. Морал.


