ССЕРИ до вработените во ФОД Новаци: Ви стоиме на располагање за секаква правна помош
❗ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ВРАБОТЕНИТЕ ОД СП ФОД ДООЕЛ НОВАЦИ при СО НА АД АЛЕМ,
✔ Почитувани вработени и членови на синдикатот, ваквото правно неиздржано известување, од страна на раководството на ФОД ДООЕЛ НОВАЦИ, кое е истакнато на огласна табла дополнето и со изјавите кој ги дава да ги потпишете, имаат за цел да го скренат вниманието од вистинската слика за синдикатот.
⚖ СП ФОД НОВАЦИ при СО на АД ЕЛЕМ- ССЕРИ, има поведено повеќе постапки пред надлежните судови во врска со СИНДИКАЛНОТО работење, кое е спречено од страна на работодавачот, кој фаворизира друг синдикат, синдикат кој два пати до сега го менува правното лице и самиот веќе не знае каде припаѓа, а од друга страна го спречува нашиот синдикат во дејствувањето.
✔ Сите спорови кој ги имаме заведено, се добиени во наша корист, а на штета на организацијата. Сега таа штета, направена од раководството поради незаконско работење, истото тоа раководство, сака да ја наплати од вашиот џеб.
⚖ Поради овие нови незаконитости на раководството, ССЕРИ, Ви стои на располагање со секаква правна помош, и Ве охрабрува да не подлегнувате под незаконскиот начин со кој работодавачот решил да наплати средства од вас.
Со почит,
СО на АД ЕЛЕМ при ССЕРИ

