Три приказни за успехот од кој можете да се инспирирате
Претприемништвото е ризичен, но потенцијално исплатив потфат. Околу 50 % од стартапите опстануваат пет години, додека само 25 % преживуваат 15. За секој Амазон или Убер, постојат десеттина компании на кои денес речиси никој не се сеќава. Па, што е всушност вистинската разлика помеѓу успешните и неуспешните бизниси?
Ако размислувате за започнување на сопствен бизнис или се’ уште сте на почеток, важно е да учите од туѓите искуства – за да ги избегнете најчестите грешки и да разберете кои одлуки се пресудни за опстанок.
Еве четири инспиративни претприемачки приказни.
Adi Dassler (Adidas)
Некои од најголемите брендови на денешницата настанале од скромни почетоци, а тоа најдобро го покажува приказната на основачот на компанијата Adidas. Даслер започнал да прави обувки во оставата на неговата мајка, мало место во Баварија. Неговата идеја била едноставна – да ги направи најдобрите спортски обувки за спортитите.
Иако имал конкуренција, се издвоил по тоа што ги слушал спортистите: ги прашувал што им треба, што им смета и што би можело да се унапреди. Токму тој фидбек му овозможил да го развие производот кој пазарот навистина го сака.
Кога во 1949 ја регистрирал фирмата, веќе имал јасна предност. Истата година регистрирани се и прочуените три линии. Неговата визија била потврдена во 1954 кога германската фудбалска репрезенатација го освоила Светското првенство – во Адидас копачки. Денес Адидас е глобален гигант, а приказната на Даслер потсетува на една клучна работа: слушањето на купувачот не е опција, туку основа за постигнување успех.
Whitney Wolfe Herd (Bumble)
Откако во 2014 година го напуштила Tinder и излегла од токсична врска, Витни Волф Херд одлучила да направи поинаков производ – апликација за запознавање која жените ги става на пиедестал.
Така настанал Bubmle, платформа на која жените први прават потег.
„Во свет во кој жените напредуваат на работа, динамиката на дејтување остана застарена“, напишала Волф Херд.
Апликацијата брзо стекнала популарност, особено меѓу студентите, и веќе во првиот месец имала 100,000 преземања. Како што платформата растела, Волф Херд продолжила да го гради брендот околу вредноста: родова рамноправност и борба против вознемирување. Вовела функции за блокирање на непримерна содржина и дури учествувала во иницијатава во Тексас да се усвои закон против испраќање на непосакувани експлицитни фотографии.
Нејзината приказна покажува колку личното искуство и јасната мисија можат да бидат силен темел на бизнисот.
Melanie Perkins (Canva)
Додека работела како предавач по дизајн во Австралија, Мелани Перкинс воочила голем проблем – алатките за графички дизајн биле комплицирани и скапи.
Се запрашала: може ли ова да биде поедноставно? Нејзината идеја за пристапност, онлајн алатка за дизајн во почетокот била одбиена повеќе од 100 пати. Дури после три години пичинг, Canva ја добила првата инвестиција.
Клучниот момент бил кога го променила начинот на претставување на идеи – се фокусирала на проблем кои сите го разбираат, а не на техничко решение. Денес Canva има десеттина милиони корисиници ширум светот.
Оваа приказна јасно покажува: не е доволно да се има добра идеја – мора да знаете и да ја објасните. И, уште поважно, да ги издржите одбивањата.
Neil Blumenthal и тимот (Warby Parker)
Идејата за Warby Parker настанала од личен проблем – скапи очила. Кога Блументал ги изгубил своите, не сакал да купн нови поради високите цени. Решение? Онлајн продажба на квалитетни, но пристапни очила.
Заедно со колегите го започнал бизнисот кој набрзо станал хит – особено откако магазинот GQ го нарекол „Netlix за очила“.
Интересот бил толку голем што веќе во првите недели ја преминале целта на продажбата, иако ја немале опцијата „распродадено“ на веб страната.
Warby Parker се издвоил благодарение на онлајн моделот на продажба, пристапните цени, можностите купувачите да ги пробаат очилата дома, општествено – одговорниот модел (еден купен пар = еден дониран). До 2019 година донирале милион пара очила.
Извор: BIZlife

