УЈП: Доплата на данок на личен доход од ГДП уште денеска
Денеска е последниот ден кога можат да го доплатат данокот на личен доход граѓаните кај кои се јавува разлика во Годишната даночна пријава.
-Кај граѓаните кај кои се јаавува разлика за доплата на данок истиот треба да се доплати до 30.06.2021 година. За да се доплати данокот, треба да се испечати или точно да се препише налогот кој се наоѓа на третата страна од ПДФ документот, најдолу десно во прегледот на ГДП, информира УЈП.
| Годишните даночни пријави за утврдување на данок на личен доход за 2020 година, на почетокот на овој месец добија статус на конечни. Од УЈП информираат дека пријавите кои не биле ниту потврдени ниту коригирани се потврдени службено.-Коригираните Годишни Даночни пријави ќе бидат разгледани и одлучени од службено лице на Управата за јавни приходи, а доколку службеното лице не ја одобри корекцијата на Годишната Даночна пријава, ќе се донесе Решение за утврдување на данок на личен доход за 2020 година, соопштија од Управата за јавни приходи. |

