Азески со реакција на реакцијата на ССКМ:Ако е така како што тие тврдат, тогаш ќе бидам најсреќниот човек да имам конкуренти со такви карактеристики
Со огромна почит према Сојузот на стопански комори на Македонија, изјавувам дека во емисијата „Стадион“ на националното радио Канал 77, јас полемизирав со новинарот, а не со институцијата за која никогаш не сум кажал погрешен збор. Ако е така како што тие тврдат во соопштението, тогаш ќе бидам најсреќниот човек да имам конкуренти со такви карактеристики како што тие самите ги истакнуваат.
Им посакувам многу успех во работата и што повеќе заеднички и координирани настапи на сите бизнис заедници во Македонија. Само така нашата заедничка работа ќе има успех.

