Светот на работникот

Вештачката интелигенција најмногу ги погодува работните места со високи квалификации

Речиси 24% од глобалните работни места се изложени на генеративната вештачка интелигенција, која потенцијално може да замени дел од работниците. Ова го покажува Глобалниот извештај за труд и социјални прашања на Меѓународната организација на трудот (МОТ), објавен во мај оваа година.

Според извештајот, најголем дел од изложените работни места се оние што бараат високо ниво на вештини – како што се програмери и сметководители – каде што процентот на висока изложеност изнесува 7.5%. Потоа следуваат работните места со средно ниво на вештини, со 16.3% средна изложеност. Работните места што бараат низок степен на вештини имаат најмала изложеност – 99.2% од нив не се изложени на автоматизација преку вештачка интелигенција.

Истражувањето исто така покажува дека жените и работниците во земји со високи приходи имаат поголема веројатност да работат на работни места кои се најизложени на генеративна вештачка интелигенција.

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и главен и одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk.