НовостиСветот на работникот

Даниела добила отказ додека лежела во болница, работодавачот ѝ порачал: „Не го сакам тоа во мојата канцеларија“

   Време за читање 3 минути

Даниела Виба од Австралија во 2019 година работела во адвокатска канцеларија кога ѝ било речено дека чувањето на термофорот на бирото не изгледало многу професионално. Меѓутоа, никој не знаел дека живее со ендометриоза која предизвикува многу силни и хронични болки, пренесува Njuz.

Оваа млада жена тогаш имала 20 години и рекла дека, иако секогаш била фокусирана на својата работа, често живеела со болка која ѝ создавала чувство дека нешто ја боде, која понекогаш ја чувствувала низ целото тело.

Оваа болка боде, згрчува и го обзема телото. Ја чувствувате насекаде, дури во нозете, рекла таа.

Во текот на работниот ден дискретно се обидувала да прошета за да ја ублажи болката, или се криела во кујната за да земе лек за ублажување на симптомите.

Нејзината цел била колегите да не забележат дека е болна, па често носела широка облека за да го сокрие термофорот кој често ѝ бил потребен.

Водев сметка за тоа да носам слоевита облека, ставајќи го термофорот во пантолоните и преку нив облекував џемпер, раскажала таа.

Конечно се почувствувала доволно пријатно за на својот работодавач да му каже дека живее со ендометриоза и верувала дека ќе разбере. Вели дека тоа не било лесна одлука, бидејќи секогаш се плашела дека некој ќе ѝ префрли дека претерува. Тоа не се случило… но сепак зажалила што ја открила својата здравствена состојба.

Еден ден заминала порано од работа, бидејќи имала толку ужасни болки што морала да замине во болница. Ѝ испратила порака на својата колешка во која ѝ ја објаснила својата отсутност, а потоа отишла во болница на итен прием.

Во текот на престојот во болница, покрај ендометриоза-та, дијагностицирани ѝ биле и цисти на јајниците и ѝ било речено дека е потребно да се оперира.

Потоа ѝ се јавил шефот. Не со намера да ја праша како е, туку да и каже дека не му било пријатно некој со нејзините „потреби“ да се врати во канцеларија.

Ми рече дека ја разбира мојата ситуација, но „Вам Ви требаат слободни денови и одмор и често ќе станувате и шетате по канцеларија… не го сакам тоа во мојата фирма, се присетила Даниела.

Добила отказ додека лежела во болки на болничкиот кревет.

За жал, нејзиното искуство не е невообичаено. Едно од шест лица го губи работното место поради лекување од ендометриоза.

Даниела вели дека целото искуство било трауматично и дека ѝ требале години за да сфати дека не е виновна. Сепак, повеќе никогаш на никој не му кажала од што пати.

Таа сега има 27 години и работи на половина работно време во адвокатска фирма. Остатокот од времето го поминува во работата која сама ја започнала – се занимава со производство на дискретни термофори кои жените можат да ги носат под облеката за да ги ублажат болките кои ги трпат.  

Извор: Telegraf Biznis.rs

Фото: Shutterstock/Twinsterphoto

Бобан М. Илијевски

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и главен и одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *