„На никој од нив нема да им се исплати да плаќаат по илјада и повеќе евра за авионска карта за да работат три или шест месеци“
Пратеници од власта и опзицијата подготвија закон за ангажирање на сезонски работници, чија цел е да се намали сивата економија, но и да им се помогне на секторите каде што недостига работна сила, како земјоделство, угостителство и градежништво.
Редакцијата на порталот Работник за новото законско решение став побара од Зоран Кочоски, сопственик на Агенцијата за посредување при вработување во странство „Коузон“ и добар познавач на приликите на пазарот на труд во Македонија. Тој се насочи повеќе на аспектот на влез на странски работници за сезонска работа во Македонија.
Според него, законското решние е луд обид за решавање на некои прашања поттикнати од моменталната потреба на дел од гранките. „Кај нас сезонската работна сила не можете да ја донесете од странство, затоа што носењето на странска работна сила е скапо. Скапо во смисла на авионски карти. На никој од нив нема да им се исплати да плаќаат по илјада и повеќе евра за авионска карта за некој да работи три или шест месеци, затоа што секое носење на странска работна сила во Македонија значи трошок по вработено лице, од 1,000 до 1,500 евра, вклучувајќи ги документите кои треба да се легализираат и преведат, авионските карти медицинското осигурување и се разбира, трошоците околу самата административна постапка која има свој терет“, вели Кочоски.
Ако му платите на одредено лице, да кажеме, 1,500 евра инвестиција за да го донесете во Македонија, без да сте сигурни дека тоа лице ќе остане во Македонија, јас не верувам дека многу голем број на компании ќе се согласат да донесат работна сила, со исклучок на одредени преземачи во градежништвото кои, имајќи предвид дека имаат доста висока заработка од пласирањето на својата вишок работна сила во одредени градежни проекти кои се работат сезонски, имаат можност да го направат тоа, додава Кочоски.
- КАКО ДА ОДГОВОРИТЕ НА ПРАШАЊЕТО „КОЛКАВА ПЛАТА ОЧЕКУВАТЕ?“ НА ИНТЕРВЈУ ЗА РАБОТА – ПРАКТИЧНИ СОВЕТИ НА ИЗАБЕЛА ШКОФ, СОВЕТНИК ЗА РАЗВОЈ НА КАРИЕРА [Видео интервју] - 17/04/2025
- МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТНИЦИ СЕ ВИСОКО АНГАЖИРАНИ, НО МНОГУ ГНЕВНИ: Состојбата во Европа со ангажираноста на вработените со акцент на Македонија - 13/04/2025
- ЕДНО ПРАШАЊЕ: КАДЕ ДА ПРИЈАВАМ МОБИНГ? - 10/04/2025