НЕ Е ЛЕСНО, НО ПЛАТАТА ДОСТИГНУВА И ДО 3.000 ЕВРА – Сезонските работници „бегаат“ во Црна Гора и Хрватска
Со доаѓањето на туристичката сезона, рестораните, кафулињата, хотелите и плажите оживуваат. Младите од различни краеви на Балканот одат во Црна Гора и Хрватска, за да работат како келнери, готвачи, спасители, аниматори и во разни помошни дејности. За многу тоа претставува прва сериозна работа која ги учи на одговорност и тимска работа, но и како умешно да комуницираат со луѓето. Сезонските работи не се само можност за заработка – туку тие носат и предизвици. Работните денови често се долги, а темпото брзо и динамично.
Покрај тоа што играат важна улога за економијата, сезонските работи имаат и социјална димензија. Тие се важен фактор во развојот на локалните заедници и туристичките понуди, поттикнувајќи ги младите да останат или да се вратат во своите краеви и во текот на зимата да ја планираат иднината.
Со оглед на тоа што домашните работници не се задоволни од понудените плати, работодавачите се принудени да пронајдат други решенија – вработуваат странски работници, па поради тоа и не чуди што побарувачката за сезонски работници станува се’ поголема.
Еден Новоблеграѓанец трета година по ред работи на крајбрежјето во хотелиерство, а како што вели, за него работата е многу повеќе од тоа.
„Тоа е место каде научив да се носам со притисоци, да ја вреднувам тимската работа и да почитувам секого. Не е лесно, но кога ќе помислам на платата, тогаш ништо не ми е тешко. Дојдов да заработам и веќе три години доаѓам во Тиват да работам. Останувам до септември, па се враќам на студии. Слободното време во главно го поминувам на плажа, денот го искористувам максимално. Запознав доста луѓе од Нови Сад и најважно е што имам друштво“, рекол тој.
Марина со години работи во ресторан во Будва, не се жали на ништо, бидејќи како што наведува, однапред знае што ја чека.
„Работиме по смени, не ни е лесно, жештините и гужвите дополнително ни ја отежнуваат работата. Во ресторанот, освен што подготвувам храна, ги перам и садовите. Имам одлични колеги со кои се дружам. Бакшижите се големи и успевам да заштедам доста пари. Живеам во колективно сместување, па тоа ми е уште поевтино. Она што е најважно е кога сум на смена ручам, па не морам да готвам. Тоа ми е уште една заштеда која најмногу ми значи“, рекла таа и додала дека по напорниот ден се одмора на плажа.
Според портпаролот на Инфостуд, Милош Турински, најголеми плати и понатаму носат работните позиции во кујна – готвачите и пица мајсторите заработуваат помеѓу 1.900 и 2.500 евра, додека шефовите на кујна можат да достигнат и до 3.000 евра. Келнерите и рецепционерите заработуваат од 1.000 до 1.500 евра.
Извор: Bizportal.rs

