Обид за намалување на работата на црно во Охрид

Во екот на летната сезона жителите од охридско струшкиот регион ќе може дополнително  да заработуваат. Станува збор за пилот мерка која има за цел преку краткорочни вработувања да го  намали работењето на црно а воедно да им овозможи на компаниите од хотелско туристичкиот сектор да ангажираат работна сила во  сезонските пикови кога најчесто има и недостаток на кадар.

Овој проект има за цел да ги мотивира работодавачите да ги пријавуваат вработените и да ги исплаќаат навреме сите придонеси.

Обуките ќе стартуваат во март а работниците ќе бидат ангажирани во периодот од 1 мај до 31 август. .Пилот мерката каде Хотам ќе посредува при вработувањата ќе се имплементира преку Меѓународната организација на трудот финансиски подржана од Европската унија.

Извор: Сител