ЕкономијаМакедонијаНовости

Просечната плата во јануари изнесувала 39,542 денари

   Време за читање 1 минута

Се зголемиле платите во Македонија. Просечната нето плата во јануари изнесувала 39.542 денари.

Таа во однос на јануари лани е зголемена за 16,5 проценти, информираше денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27,8 проценти), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (19,2 проценти) и Земјоделство, шумарство и рибарство (19,1 процент). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец има во секторите: Градежништво (10,9 проценти), Преработувачка индустрија (4,9 проценти) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,8 проценти). Сепак, во сите земји од екс Југославија, работниците имаат повисоки плати. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *