Спасовски и МПС манипулираат! Ако сакаат можат веднаш да ги покачат платите, велат од СПМ
Соопштението на СПМ ви го пренесуваме интегрално:
Почитувани претставници на медиумите, почитувани вработени во Министерството за внатрешни работи.
Целта на ова соопштение е да ги откриеме пред јавноста, манипулациите на МПС, на неговото раководство и како тоа прават се за да на никаков начин не допринесат за повисоки плати во МВР и како манипулираат со нивните членови и вработените……..
Го читаме Маце како во последниот период токму тој е „Спасителот“ на МВР кој МВР-то ќе го спаси од злите сили (мисли на СПМ) , силите кои во последно време единствено јасно и гласно критикувајќи ја откриваат мрачната страна на МВР предводена сеуште од неговиот партнер.
Но да почнеме по ред…..
Во текот на изминативе два дена на страната на МПС, Претседателот на МПС додека правел проштални средби со цело раководство на МВР, и се тоа во еден ден, оти нели, социјалниот дијалог е на најјако , се дрзнал да го критикува нашето барање до Министерот со кое Бараме од месец Јануари 2024 година платите во полицијата да бидат покачени за 15%..
Па објавил дека божем тој преговарал оти нели бил единствен ре/Презервативен а ние сме му сметале, сме му се мешале во неговиот дил за спас на неговиот партнер од бегање на вистината.
Згора на се, оти нели Маце е доктор и единствен, се дрзнал да ги обjави и неговите писма пратени до Собранието на Република Македонија (за сего северна – Север да го однесе), дури и слики од пратениците објавил демек ептен е јак, да се пофали дека од пратениците барал покачување на платите во Полицијата за најмалку 20%
Па на постот што го објавиле на нивната страна во моментов има 35 лајкови………
Да дојдеме до поентата за да ја разберат вработените во МВР за нивната ујдурма и манипулација:
Согласно член 144 од Законот за внатрешни работи „Вредноста на бодот за пресметување на платите на работниците во Министерството, се утврдува од страна на министерот, во согласност со репрезентативниот синдикат“ – завршен цитат!
ТОЧКА!!! КРАЈ!!!
Ова значи дека во секој момент единствениот презервативен доктор и поранешен доцент ако толку е јак, способен и образуван како што се прикажува, може уште денес да се договори со неговиот партнер и да ја покачат платата во Полицијата колку проценти сакаат.Единствено што е потребно е да седнат на маса и наместо да коваат план како да го загорчат животот на полицајците со некој нов Колективен договор или измени и дополнувања на закони- да потпишат договор, спогодба со која ќе ја зголемат вредноста на бодот во МВР на 1 евро, а со тоа и платата.
ОВА ЗАВИСИ ИСКЛУЧИВО И ЕДИНСТВЕНО ОД НИВ!!!
Но, ова докажува дека на чело на за жал најголемиот синдикат во МВР, раководат луѓе кои немаат никакво елементарно познавање на законот, дека две чисти немаат во тоа главите и дека преку чист популизам, лажење, улигување, прикажување на лажна фактичка состојба, давање на амин на илјадници незаконски распоредувања, суспендирања и што ли уште не, благодарение на нивниот поданички однос кон нивниот партнер го доведоа ликот и образот на полицаецот на НУЛА!
Затоа се толку нервозни и затоа не сакаат во лице да им се каже вистината.
Бидејќи имаме сознание дека веќе во МВР сериозно се разгледува нашето барање за покачување на платите во Полицијата за 15% од месец Јануари, го повикуваме единствениот од МПС да си продолжат со прошталните забави по рестораните и да не се мешаат во борбата за остварување на подобри услови и права во Полицијата, затоа што токму тие ликови преку нивната активност односно неактивност ја доведоа Полицијата таму каде што е сега – НА ДНОТО!
На самиот крај ќе упатиме порака до актуелното членство на МПС, воедно и наши колеги :
Немојте да си дозволите да Ве залажуваат со некакви си пакетчиња од 200 денари кои вие веќе сте ги платиле со над 4.000 денари годишна членарина.
Не им дозволувајте да ве бранат во Дисциплинските постапки со “ ако комисијата смета дека полицаецот е виновен, да се казни со најмалата казна”!
Има уште многу од Не им дозволувајте, но најважното е
Не дозволувајте да бидете искористувани и манипулирани!
Немојте!
#враќањенапрофесионализмотвополицијата
#новатаеранапрофесионализмот