- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

СПМ: Кој вели дека Дедо Мраз не постои во МВР

1.19Kviews
Кој вели дека Дедо Мраз не постои⁉️💖
МВР се потруди да не убеди во спротивното па предновогодишно и ги изненади сите полициски службеници !🎄☃️🎁🎈
По долго помпезно медиумско фалење со говори и фотографии со кои се најавуваше набавка на полициската униформа (што е обврска и должност на МВР) , воедно основна потреба на полициските службеници, а не некаков вонселенски проект кој треба да се спроведе, и овој пат вработените од “подароците” останаа разочарани и ускратени од основните потребни делови од полициската униформа.😔
Да биде реалноста по сурова ,а воедно да се тестира физичката и психичка издржливост на полициските службеници, МВР па некој ден пред месец Декември “максимално” се вложи себе си да набави и подели само една летна кошула, една поло мајца , еден пар летни чевли и полу гојзерка👹🌋❗
Ваквата одлука најверојатно е донесена од “некој си” кој седи во канцеларии од реновираните “фарбани” објекти со новите прозорци, а воедно каде се поставени селективно и одреден број на клима уреди, па топлината го удрила во глава, а истиот е “возбуден” во исчекување на пристигнување на шлеперите со ананас ,банани и мандарини. 😡 ❗
ЗА ЖАЛ ниту трага ни глас каде заглавија зимските јакни , зимските панталони, џемпери, пододела, подкошули…… и јасно зимските чизми.
Најверојатно ваквото шокантно изненадување ,на вработените се очекува како нов МЕГА проект да им се приреди во летните месеци за кинеската нова година најверојатно после десетина години…..⚠️
Се поставува прашање :
Дали и оваа зима кој не добил зимска јакна ,зимски чизми,ќе се тресе во ладните денови и ноќи❓
Дали и оваа зима полицаецот ќе гази снег со летните чевли и крши нозе и раце од несоодветниот материјал од кој се направени или пак можеби доколку се затекне на работното место облечен со лична подкошула и ѕивра ќе биде казнет❓
Или пак нема ако се облече од дадената летна поло маица❓
За стандардите на крој и материјалите од кои треба да биде сочинета полициската униформа и да не зборуваме🤔 за жал истата се повеќе наликува на роба од кинеските пазари, три за сто денари, а можеби и четири!
Ова ПОНИЖУВАЊЕ на полицискиот службеник МОРА ДА ПРЕСТАНЕ, МОРА❗❗❗
Нека е на здравје ЕФИКАСНА и ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА која постои само во главата на Министерот Oliver Spasovski и на тие неколку негови во неговиот Кабинет.😥