Алко-тест пред продажба на алкохол: Воведени нови правила за трговците
Тајланд официјално усвои нови правила според кои продавачите на алкохол можат да ги тестираат купувачите за присуство на алкохол во организмот и да одбијат продажба на пијани лица.
Министерството за здравство на Тајланд го објави соодветното известување во Кралскиот владин гласник – публикација за објавување на нови декрети, закони и прописи – и мерката веќе стапи на сила.
Иако продажбата на алкохол на пијани лица одамна е забранета во Тајланд, со новите правила се дефинираат конкретни критериуми за утврдување на интоксикација и се одобруваат три основни теста што можат да ги користат вработените во продавници и барови, пренесува агенцијата РИА Новости.
Меѓу тестовите се:
– од купувачот се бара да го допре врвот на носот со затворени очи
– да оди неколку метри во права линија и потоа да се сврти
– да стои 30 секунди на една нога, со другата подигната најмалку 15 сантиметри од подот, додека гласно ги брои секундите
Доколку лицето не успее да ги изврши овие задачи, може да се смета за пијано и да му биде одбиена продажба на алкохол.
Како знаци на интоксикација се наведуваат мирис на алкохол, нестабилно одење, проблеми со говорот, црвенило на очите, нагли промени во расположението, агресивност и намалена концентрација.
За угостителските објекти и продавниците, прекршувањето на прописите за продажба на алкохол може да резултира со високи парични казни.
Извор: b92.net

