Ампева: Во Југоистичниот регион ситуацијата е катастрофа!
Фејсбук статус на Кристина Ампева:
Југоисточен регион катастрофа. Додуша цела држава, но тука посебно лошо периодов. Откази поради кршење на ред и дисциплина, спогодбени откази, трансформација од неопределено на определено… Јас не знам како спијат навечер. Не знам како можат така да ги злоупотребат луѓето кои им го стварале профитот, зимувањата, летувањата, викендиците, вилите, куќи , станови, луксузи. Не знам како можат да го направат тоа на жени, самохрани мајки, жени пред пензија. Притоа и помош добиваа. Капиталот им стои нечепнат, створен од потта на тие жени. За сега да ги исфрлат на улица, без никакви права, лажејќи ги дека за нивно добро ги потпишуваат тие документи.
Да, криза е. За сите. За цел свет. Но овие работнички повеќе од 2 децении работеа за мизирни 6, 7, 8 илјади денара. Последниве 3 години добија законски минималец. Исто мал недоволен за основни потреби. До толку не вредеа да чепнете од ковчежето каде ги крчкате девизите спремни за следните 5 генерации?
Како спиете бе? Како можете? Нели ви е срам? Како ги гледате во очи знаејќи дека џипот ви е од нив, куќата, а они ви работеле за мизерни пари и сега ги исфлате без никаква совест, чувство некое, одговорност, милост? Без срам?
Не знам. Се повеќе болно е да се работи оваа моја работа. Се повеќе мислам да се тргнам, откажам, да не слушам и не гледам.
Ама викам бар намалуваме штети. 1 работно место да спасам денес, една плата неправедно неисплатена да ја добијам за една работничка, работник, се е плус. Успех, минимален. Не доволен, секако.
Секоја чест на оние работодавачи кои беа човечни, прави менаџери, со совест во цел овој период.
Останатите, се надевам, еден ден ќе ве сретне правдата. Каква и да е. Да ве сретне. Да ви текне дека е од оние кои ги сметавте за потрошна роба. Оние поради кој го имате тој статус, луксузи. И да се сетите на овој период.
Југоисточен регион катастрофа. Додуша цела држава, но тука посебно лошо периодов. Откази поради кршење на ред и…
Posted by Кристина Ампева on Monday, March 1, 2021

