Светот на работникот

Дали е во ред да го одбиете барањето на шефот да ве следи на социјалните мрежи?

Постојат два вида на луѓе на овој свет: оние кои се спријателуваат со своите колеги и оние кои не би поминале повеќе од 10 минути со некој од нив вон работното време од девет до пет.

Тоа може да биде особен предизвик кога вие сте тие другите, а уште понезгодно е кога вашиот шеф е тој што се обидува да ги пренесе вашите конекции од канцеларијата во реалниот свет.

Како и кај секое ново пријателство, работите често започнуваат со следење на социјалните мрежи.

Но што да направите ако шефот сака да ве заследи и вашиот прст автоматски отиде преку копчето „одбиј“? Дали е во ред да се одбие? Дали треба да се блокира?

Како што социјалните врски со колегите и шефовите стануваат се‘ по нормализирани, Клер Меклин, извршна директорка на Realize HR, рекла за Metro.co.uk дека начинот на кој ги користиме социјалните мрежи станува малку помачен.

„Социјалните мрежи ги бришат границите помеѓу личното и професионалното, бидејќи често ги споделуваме двата аспекти од нашите животи на различни платформи. За да дојдете до таму менаџерот да ве следи на социјалните мрежи, би очекувала дека дошло до разговор за тоа, инаку би можело да биде незгодно и од ведро небо“, објаснила таа.

Што да направите ако вашиот шеф ве следи на социјалните мрежи?

Соочете се директно со проблемот. Во теорија, најдобрата работа во оваа ситуација е лично да разговарате со својот шеф и да му кажете дека не сакате да имате колеги на социјалните мрежи.

„Секогаш би ги советувала луѓето да се обидат да имаат мирен, зрел разговор со својот менаџер ако не им е пријатно за тоа“, рекла Клер.

Ако сте среќни поради тоа, тогаш би можеле да го замолите вашиот шеф да ве следи на платформите кои се повеќе ориентирани на работата, како што е LinkedIn или можеби Twitter, ако го користите за работа.

Сокријте ја својата содржина

Можеби ќе ви биде непријатно да му кажете на својот шеф дека не сакате да ве следи на мрежите. Во тој случај, можете едноставно да го прифатите, но да не му дозволите да ја гледа вашата содржина.

„Ако вработениот е загрижен поради тоа што неговиот шеф не ја разбира или не ја цени неговата онлајн верзија, секогаш може да ги сокрие ажурирањата на фидот за својот надреден“, навела Клер.

Замолете го секторот за човечки ресурси да ви помогне

Ако ништо друго не успее, можете да го замолите одделението за човечки ресурси (HR) да интервенира или некој друг колега да ви помогне во разговорот.

„Тимот за човечки ресурси е тука да помогне во олесувањето на разговорите кои не е лесно да се водат. Би можеле да седнат со вас и со вашиот менаџер и да разговараат за тоа и да се погрижат да има разбирање од двете страни“, објаснила таа.

Извор: BIZLife

Фото: Unsplash