ЕкономијаСветот на работникот

Зголемувањето на минималната плата чини работни места?

Зголемувањето на минималната плата чини работни места?
Според овогодинешните Нобеловци, ова е мит кој не се заснова на факти. Дејвид Кард, Џошуа Ангрист и Гвидо Имбенс преку своите реални истражувања во 90-тите години на минатиот век емпириски докажаа дека она што го тврдат конзервативните економисти- дека повисоките минимални плати значат помалку работни места- не е поткрепено со факти.
Тие тврдат дека она кое го наметнаа не само некои економисти, туку го прифатија и владите и нивните институции без да имаат докази или пак докази за спротивното, се одговорни за милиони луѓе кои живеат во сиромаштија.
Наградата е сериозно обвинение за многу економисти, со оглед на тоа што беа потребни триесет години за да се предочат фактите дека ваквата идеја е неоснована и штетна за економиите. Во време кога на светот му се потребни докази и научни истражувања за да се справи со глобалната пандемија, и економијата треба да се базира на фактичка анализа, а не на несоодветни информации и идеолошки шпекулации, спакувани како легитимни совети за политиката, тврдат овие тројца научници.
Понатаму, тие сметаат дека обезбедувањето минимални плати за живот преку законски процеси или колективно договарање е клучно за ставање крај на сиромаштијата; укинување на долгорочниот тренд на намалување на уделот во приходот од работната сила; зголемена побарувачка; и градење на основа за закрепнување – со работа, пристојна работа и издржливост – во свет кој сè повеќе станува нееднаков.
Тимот на Јуридика