Останато

Како успешно да одговорите на следните прашања за интервју за работа?

Ако ви е важно каков впечаток ќе оставите на интервјуто за работа, тогаш најдобро е добро да се подготвите. Да се оди неподготвен во главно не е добра тактика.

Се подразбира дека треба да ги знаете основните информации за компанијата во која сакате да работите, и да знаете како добро да се претставите. Но, проблемот настанува кога регрутерите некои прашања, на кои не знаете што да одговорите.

Делувате збунето, исплашено и недоверливо. Ако е тоа вашиот редовен проблем, тогаш најдобро е да се обидете да одговорите на одредени, „типични“ прашања кои работодавачите им ги поставуваат на кандидатите.

Кажете ни нешто за себе?

 Тука во фокусот треба да ја ставите вашата работна биографија, но не е на одмет да кажете нешто и за својата личност. Сепак, не претерувајте, бидејќи сте на разговор за работа.

На пример, ваквиот одговор на поставеното прашање може да започне успешна дискусија: „Работам во тој и тој домен 10/20 години, а ме интересира профилот на вашиот идеален кандидат, за да би ви ги предочил/ла своите потенцијали во согласност со истиот“.

Зошто сте го напуштиле претходното работно место?

Работодавачот на овој начин сака да испита каков работник сте, дали сте имале конфликти и што ви пречело. Никогаш не критикувајте ја старата работа, ниту колегите, односно шефот, туку речете нешто како: „Сакав нова шанса или промена“.

Зошто мислите дека вие сте идеалниот кандидат за нас?

Ова прашање треба секогаш да го очекувате и поради тоа погрижете се да подготвите квалитетен одговор. Немојте себеси премногу да се фалите, ниту многу да гестикулирате, туку само накратко сумирајте ги сите ваши работни вештини. Исто така, истакнете на кој начин мислите дека можете да придонесете на тимот.

Што очекувате од платата?

Ова е многу специфично „тест прашање“ на кое многумина паѓаат. Не е поентата да кажете „не знам“ или да на се кимате со главата, бидејќи треба да покажете став. Најдобро е претходно да го истражите пазарот и да проверите колку се моменталните плати. Во согласност со тоа, кажете бројка со која би биле задоволни во наредните 12 месеци.

Каде се гледате себеси за 5 години?

Регрутерите ретко го прескокнуваат ова прашање и со него сакаат всушност да видат „дали сте играч на долги стази“. Идеалниот одговор (ако немате план за следните 5 или 10 години) е да речете: „Се гледам себеси на место на коешто можам да напредувам, заедно со колективот“. Она што никако не смеете да го речете е дека „не знаете“.

Извор: Biznis Telegraf

Фото: Shutterstock