МакедонијаСветот на работникот

Кои се работните позиции во Администрацијата и Јавниот Сектор и колкава Нето плата им следува?

За сите вработени во администрацијата и целата јавност – Javnaadministracija.mk ги објавува работните позиции согласно Систематизацијата на работни места во Aдминистрацијата и Јавниот Сектор во Република Северна Македонија – Закон за Административни Службеници

Дополнително, за секоја од работните позиции наведена е нето платата со зголемувањето на Минималната плата од 2026 година и зголемување од 7% согласно Колективните договори во Државна Администрација.

Вкупно постојат 4 категории и 17 работни позиции:

А1 – Државен секретар – Нето плата: Над 76.300 денари

А2 – Генерален секретар – Нето плата: Над 67.400 денари

А3 – Секретар на Град Скопје – Нето плата: Над 64.500 денари

А4 – Секретар на општина во град – Над Нето плата: 60.400 денари

А5 – Секретар на општина во село – Над Нето плата: 54.700 денари

Б1 – Државен советник – Над  Нето плата:  55.600 денари

Б2 – Раководител на сектор – Над Нето плата: 54.300 денари

Б3 – Помошник раководител на сектор – Над Нето плата: 48.700 денари

Б4 – Раководител на одделение – Над Нето плата: 44.900 денари

В1 – Советник – Над Нето плата: 40.700 денари

В2 – Виш соработник – Над Нето плата: 38.500 денари

В3 – Соработник – Над Нето плата: 37.600 денари

В4 – Помлад соработник – Над Нето плата: 35.700 денари

Г1 – Самостоен Референт – Над Нето плата: 31.600 денари

Г2 – Виш референт – Над Нето плата: 31.300 денари

Г3 – Референт – Над Нето плата: 31.000 денари

Г4 – Помлад Референт – Над Нето плата:  30.700 денари

  • Во пресметката на платата не е земено во предвид – Дел на плата за СТАЖ согласно Законот за Административни службеници

Извор: Javnaadministracija.mk