Останато

Колку вработени имале петте национални телевизии во 2020 година

Просечниот број на вработени во петте телевизии што емитуваат програма на државно ниво преку терестријален предавател (Алфа, АлсатМ, Канал 5, Сител и Телма) лани изнесувал 609 лица. Ова го покажува Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. 

„Најголем број од нив биле вработени во Сител (149), Канал 5 (138). Во АлсатМ бројот на вработени изнесувал 116, во Алфа 106 и во Телма 100“, стои во Анализата. 

Во споредба со претходната година, просечниот број на вработени во овие пет телевизии бил зголемен за 40 лица, од кои 23 во Алфа, 7 во Сител, 6 во АлсатМ и по 2 лица во Канал 5 и Телма. 

На 31.12.2020 година, вкупниот број на вработени во овие пет телевизии изнесувал 726. Од нив во редовен работен однос бил 622, а 104 биле хонорарно ангажирани, се вели во анализата.