ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Universal Media Скопје отвори оглас за две работни позиции

Universal Media Скопје (UM) е водечка full service медиумска агенција, специјализирана за планирање и закуп на огласувачки простор на сите медиумски платформи за некои од најголемите локални и глобални компании. UM Скопје е дел од I&F Група, која вработува повеќе од 600 талентирани професионалци и работи во дванаесет земји во јужна и северна Европа. Повеќе од 20 години UM е дел од IPG Mediabrands – најдинамичната групација во светот.

Агенцијата отвори огласи за две работни позиции: Media Planner и Digital Media Planner. Огласите се отворени до 10.10.2021 година. Во продолжение следува интегралниот текст на огласите за двете работни позиции:

1. MEDIA PLANNER

Вештини и знаења кои треба да ги поседува нашиот идеален кандидат се:

• Минимум една година работно искуство во медиа планирање
• Познавање на софтверот Arianna
• Напредно ниво на користење на Microsoft пакетот, особено Excel
• Способност за аналитичко размислување и расудување, и способност за вршење на повеќе задачи истовремено
• Познавање на медиумскиот пазар и можностите за рекламирање
• Познавање на потребите и маркетиншките цели на клиентите
• Универзитетска диплома
• Одлично познавање на англиски јазик, најмалку B2 ниво на знаење

Описот на работното место вклучува:

• Изработка на медиа планови и следење на кампањи
• Подготовка на извештаи за постигнатите резултатите според дефинирани параметри
• Превземање корективни мерки во случај на отстапувања од планираните резултати
• Градење на добри партнерски односи со клиентите и медиумите

На кандидатите им обезбедуваме можност за развивање на капацитетите и усовршување во динамично опкружување. Го наградуваме личниот придонес, мотивираноста и иницијативноста. Обезбедуваме квалитетни услови за професионален развој.

Ве молиме испратете ја вашата биографија најдоцна до 10.10.2021 година, на hr@universalmedia.mk. Во насловот нагласете дека аплицирате за Media Planner.

Забелешка: Сите апликации ќе бидат разгледувани во целосна тајност, а само кандидатите кои се во потесен избор ќе бидат контактирани.

2. DIGITAL MEDIA PLANNER

Вештини и знаења кои треба да ги поседува нашиот идеален кандидат се:

  • Напредно ниво на користење на Microsoft пакетот, особено Excel и PowerPoint;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Солидни аналитички вештини;
  • Способност за категоризирање и препознавање на најпосетуваните локални портали во Македонија;
  • Основно познавање на дигиталните медиуми и најновите трендови во онлајн огласувањето;
  • Основно познавање на платформите: Google Ads, Facebook Ads Manager и Google Analytics (претходно искуство ќе се смета за предност);
  • Основно разбирање и толкување на метриките и резултатите од реализирањето на дигитални кампањи и нивно успешно презентирање во форма на извештај;
  • Универзитетска диплома (дипломци на Економски факултет на насоките Е-бизнис и Маркетинг особено се охрабруваат да аплицираат);
  • Ентузијазам за постојано учење и надоградување на дигиталните вештини;
  • Способност за самостојна, но и тимска работа;
  • Претходното работно искуство во оваа област ќе се смета за предност;

Описот на работното место вклучува:

  • Изработка и реализација на медиа планови за огласување на локалните портали, социјалните медиуми и Google Ads.
  • Подготовка на финални извештаи од реализираните онлајн кампањи;
  • Анализа на постигнатите резултати и нивна визуелна презентација;
  • Градење и поттикнување добри односи и соработка со медиумите;
  • Активно следење на конкуренцијата и изработка на компетитивни извештаи;
  • Активно следење на дигиталните трендови во Mакедонија и изработка на месечни извештаи;
  • Тимска работа и координација со членовите на дигиталниот оддел;

На кандидатите им обезбедуваме можност за развивање на капацитетите и усовршување во динамично опкружување. Го наградуваме личниот придонес, мотивираноста и иницијативноста. Обезбедуваме квалитетни услови за професионален развој.

Ве молиме испратете ја вашата биографија најдоцна до 10.10.2021 година, на hr@universalmedia.mk. Во насловот нагласете дека аплицирате за Digital Media Planner.

Забелешка: Сите апликации ќе бидат разгледувани во целосна тајност, а само кандидатите кои се во потесен избор ќе бидат контактирани.