Комисијата за заразни болести даде препорака за отворање на градинките
На вчерашниот состанок, Комисијата за заразни болести даде препрака да почнат да работат градинките во земјава.
Сметаме дека градинките ги исполнуваат условите во кои ќе бидат згрижувани децата. Само 4 до 5 вакви установи во целата земја не ги исполнуваат бараните критериуми, но не може за сметка на само неколку да ги држиме сите градинки затворени. Време е и најмалите да се вратат во установите, а и родителите да почнат редовно на работа. Основно е да се прави поголема контрола, децата да бидат на некој начин редуцирани во групите, во однос на ова, приватните градинки практично целосно ги исполнуваат критериумите, вели д-р. Александар Стојанов, член на Комисијата за заразни болести и директор на Центарот за јавно здравје.
Истовремено, за Асоцијацијата на приватните градинки „ Полет“, ова е супер вест и велат дека со нетрпение ќе ја чекаат и одлуката на Владата да ја прифати препорката на Комисијата за заразни болести за отворање на вратите за најмалите.

