Николчe Кирковски – човекот што го помести синдикализмот во МВР (ВИДЕО)
Фејсбук статус на Синдикатот на полиција во Македонија – СПМ
Николчe Кирковски – човекот што го помести синдикализмот во МВР![]()
Нашиот Генерален Секретар на СПМ пред два месеци замина во пензија – но не и од синдикалната борба.
Пет години исполнети со протести, реакции, пресови, состаноци, победи, порази… и многу емоции. Пет години во кои Николчe беше нашиот глас, наша сила и наш пример како со чесност и упорност се гради Синдикат. Човек кој не чекореше пред нас – туку со нас. Кој не бараше пофалби, туку резултати. Кој со смиреност, мудрост и карактер ни покажуваше дека синдикатот не е институција, туку семејство.
Не го испраќаме.
Му ја честитаме заслужената пензија.
И со гордост објавуваме дека останува со нас како почесен член на СПМ!
СПМ е семејство, а Николчe е дел од тоа семејство – и секогаш ќе биде. Зашто СПМ не се напушта – СПМ се чувствува, се живее и се гради секој ден.
Николчe, благодарам за секој чекор и секој подвиг во овие години. Нашата борба продолжува, а убаво е да знаеме дека и понатаму чекориш со нас. ![]()
Пензијата е нов почеток, а нашето заедништво продолжува.
СПМ и понатаму ќе чекори – со тебе покрај нас.

