МакедонијаПравдаСветот на работникот

Обврски на работодавачот во однос на безбедност и здравје при работа

ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧОТ ВО СИСТЕМОТ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА
 
Примена на член 5 и член 8 од Законот за безбедност и здравје при работа
 
Доколку го разгледаме Законот за безбедност и здравје при работа чија основна цел е да се воведат мерки кои ќе поттикнат подобрување на безбедноста и здравјето при работа, ќе видиме дека уште на самиот почеток во истиот се определени општите обврски за работадовачот.
Имено, работодавачот има обврска да обезбеди безбедност и здравје при работа за неговите вработени од секој аспект поврзан со работата. Во рамките на неговите обврски, работодавачот мора да презема мерки потребни за безбедност и здравје при работа на вработените, вклучувајќи заштита од професионални ризици, обезбедување информации и обука и обезбедување соодветна организација и потребни средства.
Работодавачот има обврска да воведе такви заштитни мерки и да избере такви работни и производствени методи кои ќе го подобрат нивото на безбедноста и здравјето при работа, а ќе се вклучат во сите дејности на работодавачот и на сите нивоа на организацијата. Ова особено дојде до израз со прогласувањето на пандемијата од вирусот Ковид 19 каде дојде до голема промена на стандардните протоколи за работа и ја наметна потребата за брза трансформација на работните процеси.
Исто така работодавачот е должен да планира мерки и средства за обезбедување развој и унапредување на безбедноста и здравјето при работа и за менување на постојните технолошки процеси со помалку опасни, односно со побезбедни процеси и да ги прилагоди мерките земајќи ги предвид променливите околности за подобрување на постојните состојби.
 

ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧОТ ВО СИСТЕМОТ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

Примена на член 5 и член 8 од Законот за…

Posted by Juridica on Monday, February 1, 2021