НовостиПравдаСветот на работникот

Право и висина на инвалидска пензија – Лекција по трудово право на проф. д-р Лазар Јовевски

   Време за читање 1 минута
РУБРИКА ЗА ТРУДОВО И СОЦИЈАЛНО ПРАВО
Тема: ПРАВО И ВИСИНА НА ИНВАЛИДСКА ПЕНЗИЈА
Ова право се остварува доколку лицето (вработениот) неможе со мерките на рехабилитација, или преквалификација и доквалификација да продолжи со работа на своето или друго работно место. Инвалидноста може да биде предизвикана на работното место или надвор од работата. Притоа важен критериум е возраста на лицето. Висината на инвалидската пензија се оределува на ИСТ НАЧИН како и кај старосната пензија, односно според истите услови за определување на висина на пензиска основоца, НО притоа постојат неколку табели во зависност од тоа дали лицето останало инвалид на работа, или не, колку години стаж има, која возраст е и т.н.
ПОГРЕШНО Е да се бара во исто време остварување на право на семејна и инвалидска пензија.
ПОГРЕШНО Е Комисијата при фондот кога одлучува за правото на инвалидска пензија да не ги земе во предвид специјалистичките медицински наоди.
ПОТРЕБНО Е итно екипирање на комисиите за проценка и остварување на правото на инвалидска пензија со цел брзо и ефикасно остварување на ова право!
Проф. д-р Лазар Јовевски
 

РУБРИКА ЗА ТРУДОВО И СОЦИЈАЛНО ПРАВО

Тема: ПРАВО И ВИСИНА НА ИНВАЛИДСКА ПЕНЗИЈА

Ова право се остварува доколку лицето…

Posted by Проф. д-р Лазар Јовевски on Monday, February 8, 2021