ПравдаСветот на работникотСиндикат

СЕ ПРИКЛУЧУЈА КОН БАРАЊЕТО ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ПРЕДЛОГОТ ЗА 60-ЧАСОВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: ЕПСУ испрати писмо до Ковачевски

Синдикатот на администрација и државна управа (САДУ) кој е грански синдикат на Конфедерацијата на синдикати на Македонија, на својата веб страна објави дека и Европската федерација на синдикати од јавен сектор – ЕПСУ, се приклучила на барањето на меѓународните синдикати, Владата на Македонија да го повелече предлог Законот за зголемување на прекувремната работа.

– Европската федерација на синдикати од јавен сектор испрати допис до Премиерот Димитар Ковачевски во кој ja искажува загриженоста во однос на кршење на меѓународните стандарди. Тие се придружуваат кон дописот кој го испрати Меѓународната организација на трудот во однос на измената за 60 часовната работна недела, посочија од САДУ.

Го проследуваме дописот во оргинална форма на следниов линк испратен од генералниот секретар на EPSU, Jan Willem Goudriaan.