ПравдаСветот на работникот

Што претставува актот за систематизација, а што актот за внатрешна организација во институциите?

Фејсбук статус на Проф. Д-р Лазар Јовевски:

Рубрика за трудово и социјално право

Тема: Што претставува актот за систематизација, а што актот за внатрешна организација во институциите?

Секоја институција во јавниот сектор носи свои акти со кои го уредува внатрешното работење. Со посебен акт институцијата го утврдува бројот и видот на организациски единици и нивниот делокруг на работа, ваквиот акт е наречен акт за внатрешна организација.

Актот за систематизација на работните места пак, за секое работно место во институцијата на јавниот сектор, ја утврдува групата, подгрупата, категоријата и нивото каде што припаѓа работното место, како и општите, посебните услови и описот на работите и на работните задачи за секое работно место.

Во актот на систематизација на работните места може да се систематизираат најмногу 10% повеќе работни места од работните места за кои се обезбедени финасиски средства за плати и надоместоци во буџетот на институцијата. Исклучок од ова правило се институциите каде има помалку од 30 вработени, овде може да бидат систематизирани до 50 работни места, доколку има зголемување на надлежностите на институциите согласно закон кога бројот на работни места се утврдува согласно функционалната анализа.

ПРАВИЛНО е да се смета дека овие акти институциите треба да ги донесат врз основа на спроведена функционална анализа, базирана исклучиво на докази.

ПОГРЕШНО е да се смета дека актите за организација и систематизација се во единствена надлежност на институцијата, напротив нив ги носи раководното лице на институцијата, по претходна согласност од Министерството за информатичко општество и администрација.

Проф. д-р Лазар Јовевски