Останато

4 големи грешки кои лидерите ги прават во комуникацијата со вработените кога сакаат да ги мотивираат

Масовните отпуштања во 2023 година влијаеле и на моралот кај вработените и во 2024 година. Во недостаток на позитивни емоции и позитивна култура на работните места, патат и ангажираноста на вработените и иновациите.

Затоа денешните лидери мораат да преземат акција за да ги поттикнат вработените и да го подигнат моралот за да влијаат на креативноста и иновациите и покрај тешкотиите со кои компаниите се соочувале.

Но комуникацијата на извршните раководители може да биде оптоварена и често постои неповрзаност помеѓу она што лидерите веруваат дека треба да се каже и она што вработените треба да го слушнат. Извештајот на Axios од 2023 година за состојбата со основната комуникација на работните места открил дека многу деловни лидери сметаат дека за нив главниот предизвик со кој се соочуваат е да сфатат што велат вработените и заинтересираните страни. Истата анкета покажала дека вработените сакаат да добијат промислена и прониклива перспектива од лидерите.

Ерата на пандемијата во центарот на вниманието ја ставила комуникацијата на раководствата додека задачата, поради виртуелните и хибридните состаноци, ја направила покомплексна. Еве четири вообичаени грешки кои лидерите ги прават во комуникацијата со вработените, пишува Fast Company.

Лидери, немојте да ја игнорирате анксиозноста

Значајните организациски промени, како што се спојувањето, реорганизацијата или отпуштањата, имаат тенденција да предизвикаат чувство на загуба и неизвесност кај вработените. Лидерите мораат да застанат за да го препознаат ова: наместо својата приказна веднаш да ја насочат кон убавите работи во иднината, прво треба да ги признаат емоциите кои можат да се рашират помеѓу работната сила во компанијата. Покажувајќи емпатија и разбирање, лидерите градат доверба. Вистинската емпатија поттикнува врска, правејќи ја возбудата поприродна и добро прифатена со напредувањето на патот на промена.

Кога лидерите искрено ќе соопштат дека и тие доживуваат анксиозност во врска со промените и неизвесноста, тоа е добар аргумент за промена. Никогаш не се знае дали предложената измена ќе обезбеди успех. Искреноста во врска со ова и истовременото искажување на доверба во способноста на организацијата да одговори на предизвиците, создава поголема ангажираност во споредба со едноставното покажување на возбуденост.

Признание пред возбудување

Замислете компанија која поминува низ значајно преструктуирање кое вклучува големи промени. Наместо лидерот веднаш да ги собере вработените, бидејќи е возбуден поради можностите кои следат, тој прво би требало да признае емоционално влијание кои промените можат да го донесат.

Би можел да одржи состаноци и да ги слушне ставовите на вработените, како и искрено да го разбере предизвикот со кој се соочуваат. Тоа би поттикнало разбирање и емпатија, поставувајќи основа во која возбудувањето подоцна би можело да се прифати, откако вработените ќе почувствуваат дека се слушнати и поддржани.

Немојте да бидете генерички

Процесот на изразување благодарност е позначаен кога му претходи вистинско признавање на предизвикот со кој вработените се соочиле. Лидерите би требало да одвојат време да ги препознаат и артикулираат единствените околности и препреки кои можат да влијаат на тимот.

На овој начин искажуваат уважување, осигурувајќи се изразите на благодарност на вработените не се само празни формалности. Лидерите на тој начин го засилуваат својот однос со вработените и ја негуваат културата на меѓусебна почит.

Признајте ги одредените препреки пред да изразите благодарност

По завршувањето на некој предизвикувачки проект, лидерите најверојатно сакаат да искажат благодарност за напорниот труд на тимот. За да го направите тоа ефикасно, прво признајте ги препреките во врска со проектот.

На пример, лидерот би можел да рече: „Сфаќам дека наидовте на неочекувани препреки во текот на пандемијата кога патувањата биле оневозможени, а тимот сепак смисли иновативни начини да се поврзе со клиентот. Ја ценам силата на тимот во справувањето со овие препреки.“

Вработените го ценат автентичното искажување на благодарност.

Извор: BIZLife.rs